Рамис Мерко: Не ја уништуваме флората и фауната, создаваме подобра понуда за туристите

- Локални
1186

Во пресрет на новата туристичка сезона во која Струга очекува туристи и од земјава и од странство, градоначалникот, Г-дин Рамис Мерко одговори на неколку клучни новинарски прашања и состојби кои се актуелни во нашиот град.

Околу  градбата на нови објекти на самото крајбрежје на Охридското езеро во Струга, за кои  се крена голема фама и имаше реакции од јавноста, Г-дин Рамиз Мерко  изјави:

„Ние сме за создавање на повилни услови и одржливост на крајбрежјето. Во никој случај не сакаме да се уништи  флората и фауната, но секогаш и во секое време сме за создавање подобра понуда за сите гости кои доаѓаат во Струга. “

Околу одлуката за забрана за педалинки Мерко истакна дека тоа е правична одлука на Советот и им честиташе на Советниците . Мерко потсети дека секоја туристичка сезона за жал има губење на човечки животи, посебно помлади кои доаѓаат на екскурзија во Струга. Градоначалникот рече дека  со изнајмување на педалинки на туристите,  неколку граѓани кои можеби немаат ниту фирми за педалинки изминативе години создавале профит, а до сега немале никаква одговорност. Toj потенцираше дека  ваквите случки ќе се спречат токму со ваквата одлука на Советот.

Мерко информираше дека во најкратко време на терен ќе излезат  надлежните служби и комуналното претпријатие  и сите педалинки ќе бидат конфискувани.

Уште едно актуелно новинарско прашање кое беше поставено ја отвори темата за питачењето.  Во текот на сезоната доаѓаат деца и повозрасни лица од различни краишта  на земјава  и питачат по струшkите улици. На оваа тема Мерко истакна дека веќе се работи на решавање на оваа проблематика со Советот за превенција , одговорните лица од Министерството за труд и социјална политика и со полицијата.

Градоначалникот потврди дека сите надлежни институции ги спојуваат своите сили и надлежности за   да се спречи таквата ситуација и на тие лица да им се обезбедат соодветни места.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари