Распишан е конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

- Локални
1036

Културниот центар „Бран“и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга по 8-ми пат го распишуваат востановениот конкурс за наградите  „Крсте Чачански“, за необјавена збирка на кратки раскази, и  „Јован Котески“, за необјавена поетска збирка. Расказите односно песните да не се објавувани. Секој расказ да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма. Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови. Ракописите да се испраќаат по електронски пат, со назнака за наградата „Крсте Чачански“ односно „Јован Котески“, најдоцна до 20 април 2018 година на Е-маил: [email protected] и    [email protected]

Две тричлени жирија составени од компетентни македонски писатели ќе го извршат изборот на наградените книги што ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на фестивалот, „Струшки книжевни средби“, 2018г., што ќе се одржи во почетокот на месец јули, 2018, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Редакцијата на ревијата „Бранувања“ го задржува правото, од наградените и пристигнатите трудови, да врши публикување на одделни раскази и песни во ревијата.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски и Славчо Ковилоски, Васил Тоциновски, Зоран Пејковски, Стефан Марковски и Зоран Јакимоски.

Strugaonline

Facebook Коментари