Разбојништво и грабеж во струшка златара

- Локални, Хроника
861

Непознато лице, вчера околу 17:15 часот извршило разбојништво над вработениот во златара на улицата „Маршал Тито“ во Струга.

– Сторителот од вработениот побарал прстен кој претходно го нарачал. Откако вработениот, по извршен разговор со сопственикот, му рекол дека треба прво да го донесе неговиот прстен, непознатото лице ставило една кеса на масата и му се заканило дека во кесата има бомба. После тоа сторителот одзел еден златен прстен со вредност од околу 11.000 денари и побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, информираат од МВР.

Извор: МВР

 

Facebook Коментари