РК Струга обезбеди пласман во плеј-оф фазата

- Локални, Спорт
224
РК Струга обезбеди  пласман во плеј-оф фазата во рамки на Супер машката лига, совладувајќи ја екипата на РК Аеродром со резултат 34 : 23.
На нашите ракометари за да се пласираат во плеј-оф фазата на овој дуел им требаше да победат или пак да остварат нерешен резултат.
Со оваа значајна победа стружани ја остварија својата главна цел, да бидат меѓу осумте најдобри екипи, а поддршка на натпреварот им беше навивачката група ,,Паткари“ кои максимално ги бодреа во спортската сала ,,Нико Нестор“.
Strugaonline

Facebook Коментари