Романот „Доилката” од Лилјана Пандева утре ќе биде промовиран во Охрид

- Локални
804

НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид организира промоција на романот „Доилката” од Лилјана Пандева.
Промоцијата е закажана на ден 04.08.2017 (петок) во 20:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид.

Станува збор за роман со кој Пандева ја доби наградата „Стале Попов“ доделена од страна на  Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно остварување за 2016-та година.

Со свое воведно обраќање, промоцијата ќе ја отвори Славе Ѓорго Димоски, а промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николоска.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари