Здружението за промоција на локалната понуда за планиски велосипедизам во Струга, , продолжува преку возење велосипед да ги промовира планинските убавини на нашиот регион.
Десеттина ентузијасти возеа по планината Јабланица до караулата и селото Лакајца.
Велосипедистите ги опфаќаат и локациите Вевчанска голина, караулата Три Шилка на Јабланица, долно-дримколските села, возат и на Галичица, Караорман и Стогово така осварувајќи ја својата цел да го поттикнуваат и унапредуваат планинскиот велосипедизам.
-Нашата активност ја забележаа и планински велосипедисти од Албанија и Косово, многу им се допаднале нашите планини и решија во најскоро време да ни се придружат па на споменатите локации да возиме заедно. Посебно ни е драго што ќе имаме гости и од други земји. – изјави за Strugaonline Душко Шутиноски, еден од основачите на здружението.
Rupicapra MTB Struga е ново здружение формирано годинава од страна на група ентузијасти меѓу кои Виктор Паун, Зоки Илиоски, Душко Шутиноски, Даниел Клашниновски, Зоран Стрезоски , Борче Крежески и други.
Сите активности ги реализираат во соработка со Struga Eagles и КАБ Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари