Се одржа 30-то издание на ,,Охрид Фест”, ова се наградените изведувачи

- Локални, Музика
401

Изминатиов викенд, на сцената на ,,Долни Сарај“ во Охрид се одржа јубилејното 30-то издание на музичкиот фестивал ,,Охрид Фест”.

На првата, фолк вечер, настапија 19 изведувачи, а на интернационалната вечер учествуваа 15 изведувачи на забавна музика од Македонија и регионов.

Првото место од жири комисија на фолк вечерта го освои Душко Георгиевски, а првото место од публика го освои Кате Танева  заедно со група Сарај.

Ова е листата на наградени на Интернационалната вечер

Награди од публиката:
Прва: „Заувјек моја” – Анѓело Втора: „Љубомра”- Емил Фетаховиќ Трета: „Гласна тишина” – Бојана Арсова.
Награди од жири:
Прва: „Како денот да го претворам во ноќ” – Давид Миладинов
Втора: „Шепни ми” – Мила Николовска – Ѓумар
Трета: „Noćima”- Ален Хрбиниќ
Награда за интерпретација – Трио Гушт
Најтрубадурска песна: „Мајко, кажи ми” – Марија Цветановска
Награда Аце Ангелески Сенатор: „Забораваш”- Блаж Маротов
Дебитант: Христијан Проданов
Најдобар аранжман: Анѓел Ќосев за песната „Злато” – Слободанка Танева
Најдобар текст: Ристо Самарџиев за „Како денот да го претворам во ноќ”
Новинарите за најдобра песна ја избраа  „Шепни ми” што ја изведе Мила Николовска – Ѓумар.
Дадо Топиќ, Гоца Тржан, Васил Гарванлиев, Дарко Капо, Џими Сион и многу други музички имиња беа гости на манифестацијата, која се емитуваше на Јавниот сервис МТВ.
Strugaonline
фото: Ohrid fest FB

Facebook Коментари