Се одржа првото издание на манифестацијата „Едриличар на годината“ во Струга

- Локални, Спорт
921

Спортската манифестација ЕДРИЛИЧАР НА ГОДИНАТА ЗА 2017, која беше организирана од Едриличарскиот клуб Снегар се одржа за прв пат на 21.01.2017 година во кафе  бар Регатта.

Манифестацијата започна во 19 часот, со отварање на настанот и воведен говор на долгогодишниот претседател на Едриличарскиот клуб  за активностите во изминатата 2017 година.

По воведниот говор г-дин Владимир Кавај им ги додели наградите на најуспешните спортски работници.

Во втората етапа следеше говор на актуелниот претседател г-дин Иван Андреески кој даде осврт на тековните планови како и програмата на активности за 2018 година.

По завршувањето на говорт г-дин Иван Андреески му додели плаката за особен допринос и развој на Едриличарскиот клуб Снегар на г-дин Владимир Кавај.

Во завршниот дел на манифестацијата следеше кратка презентација за организација на школата и камповите за едрење во 2018 година.

На самиот крај се доделија наградите за најуспешните едриличари кој ги доделуваше г-дин Лазо Ѓоргоноски во следниве категории:

Eдриличар на годината во класа ОПТИМИСТ: Стефан Негриески

Едриличар на годината во класа ОПТИМИСТ (до 12 години): Mерт Лушо

Едриличар на годината во класа ЛАСЕР 4.7: Илија Јовчески

Едриличар на годината на меѓународно ниво: Никола Чуркоски

Со прогласување и доделување на награди на најуспешните беше затворена манифестацијата по што следуваше коктел.

Strugaonline

 

Facebook Коментари