Сениoрките на Струга 2009 загубија од Крива Паланка, во младински лиги струшките кошаркарки со три победи изминатиов викенд

- Локални, Спорт
478
Во првиот натпревар во рамки на четвртфиналето на кошаркарското првенство, сениорките на Струга 2009 загубија од тимот на Крива Паланка со резултат 84:66 ( 26:14;18:24;20:17;20:12).
Во нашите редови најефикасна беше Томпсон со 15 поени и 4 скока, Шеќероска постигна 14 поени и 5 скока, Укоска 14 поени, Стојаноска 12 поени, 4 асистенции и 5 скокови, Зендели постигна 7 поени.
-Многу лошо го отворивме овој натпревар, противникот веќе во четринаесеттата минута имаше 20 поени предност. До крај на првото полувреме се консолидиравме и со серија од 13:0 дојдовме до негатива од 7 поени, цела трета и дел од четвртата четвртина имавме приклучок и се обидовме да направиме пресврт, но немавме доволно сила. ,, – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Вториот натпревар со тимот на Крива Паланка ќе се игра во четврток во Струга, нашите кошаркарки ќе се обидат да дојдат до победа со што би се израмниле со гостите и би избориле мајсторка.
Освен овој натпревар, изминатиов викенд Струга 2009 стигна до три победи во младински лиги.
Во кадетска лига стружанки забележаа две победи, дома со Тетово Булс и на гости со Шкупи. Во рамки на јуниорската лига на гости со Шкупи,  стружанки славеа со 74:26.
Кукунешоска 17 поени, Белкоска 10 поени, Нестороска 9, Крачоска и Чолакоска по 8, Шиникоска 7, Алексиеска 6 поени, Хиса 3 поени, Укоска 2 поени.
Шкупи -Струга 2009 кадетки 23:45- Кукунешоска 14 поени, Шиникоска 12 поени, Чолакоска 8 поени, Хиса 4,  Крачоска 3 поени, Алексиеска и Муртазаи по 2 поени.
Шкупи-Струга 2009 јуниорки 25:65 – Модева 20 поени, Зенку 17, Филоска 13 поени, Шиникоска и Чолакоска по 4 поени, Бическа 3 поени, Кукунешоска В и Бешири по 2 поени.
Strugaonline

Facebook Коментари