Сообраќајна незгода кај село Требеништа, возачот се здобил со тешки телесни повреди

- Локални, Хроника
713

На 08.07.2020 во 01.15 часот, на магистралниот  пат Охрид-Кичево, кај селото Требеништа, случена е сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Рено Мастер“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Х.З.(33) од Охрид, излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки  телесни повреди се здобил возачот по што, бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари