Струга во знакот на спортот – денеска се одржува „Ден на водни спортови Струга 2017“

- Локални, Спорт
1727

Спортската манифестација „Ден на водни спортови Струга 2017“ започна утрово во 09:00 часот на Машка плажа во Струга, 8 септември денот на независноста на Република Македонија.

Натпреварите се одржуваа  на посебни регатни полиња, за секој спорт одделно. За секоја дисциплина дополнително беа поделени упатства за регатирање, согласно правилата на одделните спортови.

Покрај демонстрација на вештините на едриличарство, кајакарство и веслањето, на настанот се активни и извидниците од „Крсте Јон – Стуга“ како и Американското Катче. Најстариот извиднички одред „Крсте Јон“ од Струга со своите највешти извидници демонстрираше дел од нивните вештини како што се: врзување на чворови, сигнализација (семафор и морзеова азбука), поставување шатор, како и ориентација во природа.

Американското катче Струга присуствува на настанот „Ден на водните спортови – Струга 2017“ се со цел  заинтересираните учесници и гости на настанот, да добијат информации за Американското Катче како и придобивките кои би ги имале од нивното зачленување во Катчето.

Во периодот од  15:00 до 16:30 во  минутите резервирани за „Учиме да едриме, учиме да весламе”  учесниците и гостите на настанот имаа можност да ги испробаат своите вештини во различните пловила.

После прогласувањето на победниците од натпреварувачкиот дел, ќе следи забавна програма која ќе трае до доцна во ноќта.

Спортската манифестација „Ден на водени спортови Струга 2017“ е организирана од страна на едриличарскиот клуб „Снегар“ од Струга.

Извор и Фото: StrugaOnline

Facebook Коментари