Струшките веслачи успешни на првиот светски виртуелен натпревар во веслање на ергометар

- Локални, Спорт
307

На ден 25.02.2023, Веслачката репрезентација на Македонија во состав:Климентина Стојмиловска и Кристијан Китаноски во категорија U17 и Владимир Голабоски во категорија 19-20 учествуваше на првиот светски виртуелен натпревар во веслање на ергометар организиран од светската веслачка федерација кое се одржа во Торонто,Канада.

-Нашите репрезентативци Климентина Стојмиловска и Владимир Голабоски го зазедоа високото шесто место во конкуренција од 10 натпреварувачи, додека Кристијан Китаноски остана без пласман поради технички причини.Со оглед дека прв пат учествуваме на ваков вид на натпреварување се надеваме во иднина на поголеми успеси, изјави селекторот на веслачката репрезентација Марјан Влаќески.

Strugaonline

Facebook Коментари