Стружаенцот Ангеле Илоски поддржан од хотел ,,Боград“ ќе трча во чест на ретките

- Локални, Спорт
1051
Ангеле Илоски од Струга, љубовта кон спортот реши да ја искористи за да искаже почит и поддршка за лицата со ретки болести и нивните семејства.
Утре во 13:00 часот, тој ќе трча од хотел Боград-Струга до хотел Су Охрид, во чест на лицата со ретки болести.
Рутата што би требало да трае оклу два часа, вели, нема да му биде многу тешка, затоа што трчањето е активност што секојдневно ја практикува, а на денот посветен на ретките ќе има посебна инспирација која ќе го однесе до целта.
,,Идејата беше лично моја. Штом се работи за хумани иницијативи, се сетив на тимот на хотел ,,Боград“, ги исконтактирав и веднаш се согласија да ме поддржат. Рутата ќе трае околу два часа. Мислам дека нема да ми биде многу тешко. Трчањето е моја култура на живеење, а сега имам дополнителен мотив. Мислам дека секој човек може да најде начин да се обиде да ја разбуди свеста за сите предизвици и потешкотии со кои се соочуваат ретките и нивните семејства.“- вели Илоски за Strugaonline.
Во овој хуманитарен подвиг тој нема да биде сам. На велосипед ќе го придружува Дејан Наумоски, а тимот на ,,Боград“ ќе испрати автомобил што ќе го следи се’ до крајната дестинација.
Ангеле e дел од Здружение за планински велосипедизам МТБ КАРАУЛА Струга, здружение што ги собира сите велосипедисти од Струга и околината кои рекреативно организираат и релаизираат велосипедски тури до различни локации, така запознавајќи ги сите убавини на Македонија.
Strugaonline

Facebook Коментари