Стружаенцот Јован Кутаноски освои трето место на Балканското триатлон првенство во Загреб

- Локални, Спорт
569

Членовите на Триатлон и пливачки клуб 3Дисциплини од Струга учествуваа  на Балканското триатлон првенство во Загреб, Хрватска.

На ова првенство од струшките триатлонци најдобар беше  Јован Кутаноски кој го освои третото место.

,,Миа Мачоска како член на кадетската репрезентација настапи на супер спронт триатлон 300м пливање,12км велосипед и 2.5 км трчање. Вооедно ова е нејзина прва интернационална трка триатлон. Допрва ќе стекнува искуство во спортот. Додека со пет наши членови во постари и помлади пионери настапивме во дисциплината акватлон ,за помлади пионери 50м пливање +500м трчање. Постари пионери 100м пливање +1км трчање. Нашите млади јунаци Дамјан Бежаноски 12 место и Марко Шаврески 16 место, настапија на подолгата делница и во многу напната трка до самиот крај се изборија за нив нетолку вообичаен пласман. Навикнати се на пиедестал.,,-изјави нивниот тренер Никола Кутаноски.

Од помалите триатлонци, Хади Исмаилоски освои десетто место, а Виктор Oпетчески седмо место.

Во недела, на 18.09.2022 во Струга  ќе се одржи последната триатлон трка за сезонава. Триатлон и пливачки клуб ,,3 Дисциплини“ ги поканува сите стружани  да дојдат да навиваат или да се натпреваруваат во трките.

Strugaonline

Facebook Коментари