Стружанецот Никола Кутаноски вицешампион во планинско трчање на натпревар во Прилеп

- Локални, Спорт
818

Никола Кутаноски и Бетим Ибраими , членови на триатлон клубот „ 3 Disciplines“ oд Струга викендов учествуваа на „sky ranning“ серијата во планинско трчање што се одржа во Прилеп. Кутаноски го освои второто место на 16 километри во конкуренција од двесте и шест натпреварувачи. Победата на Кутаноски му „избега“ поради грч со кој се соочи во финишот на последните 800 метри. Ибраими го освои дваесет и првото место во конкуренција од 100 натпреварувачи на 64 километри.

Strugaonline

Facebook Коментари