Тече рокот за пријавување на пролетниот турнир во мал фудбал ,,Враништа 2022”

- Локални, Спорт
614
Организациониот одбор на турнирот во мал фудбал после две годишна пауза поради ковид пандемијата и сите ковид здраствени протоколи кои не овозможуваа да се организира оваа манифестација, сега ја продолжува традицијата организирајќи го турнирот во мал фудбал по 28 пат насловен како Пролетен турнир во мал фудбал ,,Враништа 2022” Почетокот на турнирот е закажан за 8-ми мај 2022 год. во 20:00 часот.
,,Пријавувањето на екипите  се врши на телефонските броеви 071-959-370 и 078-362-172 и ќе трае најдоцна до 6 мај 2022 год. Учеството на турнирот изнесува 3000 денари. Екипите треба да бројат од 6 до 10 играчи.,, – информираат организаторите.
Извлекување на групите ќе се иврши на 7-ми мај 2022 год. во 20:00 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари