Tри лица кривично ќе одговараат поради „фалсификување и употреба на невистинита исправа“

- Локални, Хроника
868

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела ,,фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Г.М.(45) од Гостивар и Х.Ф.(46), косовски државјанин со привремен престој во Гостивар и Л.К. (42 ) од Струга.

Пријавениот Г.М. во текот на декември 2016 година, направил лажна исправа-странски купопродажен договор за продажба на возило, ставил лажен потпис и датум и така фалсификуваниот договор го употребил пред Бирото за метрологија за отварање постапка за идентификација и добивање согласност за регистрација на возилото. Второпријавениот Х.Ф. се потпишал на лажна исправа  и ја заверил кај нотар. Трето пријавениот, како овластен шпедитер од Струга, исправата со невистинита содржина – договор  за купопродажба на патничко моторно возило, ја доставил  во Управни служби во Струга, со цел регистрација на возилото.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари