УХМР: Значително намален водостојот на Црн Дрим

- Локални
792

Значително намален е водостојот на реката Црн Дрим кај Ложани, покажува неделната хидролошка состојба на УХМР.
Просекот за февруари е 123 сантиметри, а изминатите седум дена нивото на Дрим се движело меѓу 12 и 20 сантимтери.
Двојно е намален водостојот и на Сатеска кај Ботун. Се движи од два до осум сантиметри за разлика од просечните 16 за февруари.
Пониски нивоа се иземерени и на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катланово, Крива Река кај Крива Паланка, додека повисоки од просечните се на Вардар кај Велес, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Штип.
Нивото на Охридското Езеро се уште е еден сантиметар над дозволениот минимум.

Facebook Коментари