Успешно заврши летната пливачка сезона за членовите на клубот ,,3Disciplines“

- Локални, Спорт
553

Успешно заврши уште една летна пливачка сезона за членовите на клубот ,,3Disciplines“.

,,Задоволство и среќа е да се работи со деца. Нивната насмевка кај нас предизвикува среќа и задоволство. Во нашиот клуб ова лето имаше вкупно 248 членови ,сите регистрирани со пристапници во клубот. Натпреварувачката група брои околу 79 членови од кои 38 само во делот триатлон,а исто 79 се само во пливачкиот натпреварувачки дел.Останатите 169 ја сочинуваа годинешната пливачка школа на 3Дисциплинес. ,,-информира тренерот Никола Кутаноски.

Кутаноски гордо истакнува дека сите членови во пливачката школа оваа година научиле да пливаат, дури и тие што пристигнале на само две недели пред крајот.

Триатлон клубот 3Дисциплинес е клуб со дејност спорт во сите три спорта- пливање, велосипедизам и атлетика.

Кутаноски изрази благодарност до целиот тим- Помошниците тренери Димитар Јованоски- државен првак во триатлон и дуатлон, Урош Трповски – професинален ватерполист поранешен играч на ,,Партизан“ od Београд кој од оваа годона потпиша нов договор за Раднички Крагујевац, а по потекло е од Струга(Вишни) . За време на летниот период тој тренира со најдобрите струшки триатлонци.

Верица Митреска основач,член на 3Дисциплинес, поранешен државен првак во јуниор и сениори во триатлон и одлична пливачка-освојувач на безброј први втори и трети места на натпревари по пливање на државно и меѓународно ниво.

За сите деца да имаат максимална посветеност кон тренингот  задолжени беа  најдобрите триатлонки и пливачки ,Олса Орани и Тија Кукунешоска како и стружанецот  Матео Матоски или подобро познат како Боки од детска емисија ,,Зоки -поки”.

Триатлон клубот ,,3 Disciplines“ за крај на оваа пливачка сезона започна со реализација на својата креативна идеја, да изработи календар со фотографии и на тој начин да ги овековечи моментите и учесниците во сезоната што измина.

Дел од децата се сликаа денеска, а остантиот дел во таа активност ќе се приклучат во понеделник, 30-ти август.

Strugaonline

 

Facebook Коментари