Утре во Струга ќе се одржи големиот традиционален маратон „Весламе за ретките 2023“

- Локални, Спорт
353
На ден 13.09.2023 год. во организација на хотел Боград и спортско рекреативниот клуб Соларис од Струга ќе се одржи големиот традиционален маратон „Весламе за ретките 2023“ на кој учество ќе земат над дваесет кајакари од различни возрасни категории. Стартот е закажан во 12:30 часот од Женска Плажа.
,,Ќе се весла по левиот брег на Охридското Езеро со пресек на езерската граница со Р.Албанија и финиш во селото Радожда, ресторан Динга. И оваа година, по четврти пат учесниците ќе ја понесат пораката за поддршка и помош на лицата со ретки болести но и ќе бидат нивниот глас во секојдневната борба, не само со болеста туку и со општеството во кое се помалку наоѓаат внимание.“-информираат организаторите.
“Кога имате ретка болест истовремено водите битка на два фронта. Едната битка со самата болест, а другата, живеењето во свет каде само мал број на луѓе ја разбираат Вашата состојба. Затоа се бориме да бидеме побројни, поемпатични и посилни.” – Проф. Д-р Барбов.
Strugaonline

Facebook Коментари