Утре започнува шестиот Интернационален џудо турнир Struga OPEN 2019

- Локални, Спорт
609

Oд утре па се до  до 25-ти јуни, Струга ќе биде домаќин на шестиот Интернационален џудо турнир Struga OPEN 2019.

Натпреварите ќе се одржуваат во спортски центар „Тими“, a ќе учествуваат џудо клубови од Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Холандија, Турција, Шведска, Украина и други.

Од нашата земја ќе учествуваат речиси сите џудо клубови, вклучувајќи го и домаќинот, Џудо клуб „Дрим“ од Струга. Струшките џудисти се добро познати по тоа што постојано освојуваат медали, на кое натпреварување и да се појават.

За време на одржување на турнирот, во нашиот град ќе дојдат звучни имиња од џудо-спортот, а после завршувањето ќе се одржи и тренинг-камп што претставува драгоцено искуство за сите џудисти кои иднината ја гледаат токму во овој спорт.

Годинава се очекува да учествуваат околу 400 натпреварувачи во повеќе категории, а денеска е последен ден за пријавување.

Oд струшкиот џудо клуб, за Strugaonline велат дека подготовките течат во најдобар ред. Како и изминативе години наназд, Струга и годинава ќе биде достоен домаќин и центар на спортските џудо збиднувања на интернационално ниво.

Strugaonline

 

Facebook Коментари