Вечерва започнува 51-то издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2023“

- Локални, Спорт
305

Oд денеска до 19-ти август, по 51-ви пат Струга ќе биде домаќин на Струшкиот ракометен турнир.
За престижната титула -победник на еден од турнирите со најдолга традиција во Европа, годинава ќе се борат шест екипи, од кои три се домашни, а три странски.


Во групата А се најдоа тимот на Алкалоиод, грчки – АЕК Атина и српскиот тим Динамо Панчево.
Во групата Б е двократниот европски шампион Вардар, домаќинот Струга и шведскиот тим Ескилстуна Гуиф.

Првиот натпревар е закажан за денеска во 18:30 часот помеѓу екипите на РК Струга и РК Вардар.

Во 19:55 ќе следува свеченото отварање на турнирот, а во 20:40 ќе играат РК Алкалоид и РК Динамо Панчево.

Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште ,,Горан Попоски-Бабец“
На 16, 17 и 18 август  се играат натпреварите по групи, а натпреварите за пласман ќе се играат на 19-ти август. Првите три дена ќе има два меча дневно, а последниот ден  ќе има три.

Strugaonline

Facebook Коментари