Викторија Чочороска воодушевува со преработката на познатата македонска песна „Јаворе“

- Локални, Музика
1112

Младата и талентирана Викторија Чочороска, вчера во Домот на културата во Вевчани ја промовираше нејзината преработка на познатата стара македонска песна „Јаворе“.

Аранжманот за песната го изработи композиторот Николче Мицевски, а снимена е во студиото ХЛ Момироски во Скопје. Покрај аудио верзијата, публиката во Вевчани премиерно можеше да го види и  видео спотот кој го изработи Дарио Јанковиќ и General film production.

Викторија е дипломиран соло пејач и професор по соло пеење во средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“. На публиката во овој регион и е позната по раскошниот музичли талент и бројните настапи со КУД „Дримкол“ во состав на женската пејачка група Каданка. Има остварено низа соло настапите и концертите во рамки на Вевчанско културно лето, ликовната колонија „Вевчански видувања“ , а неодамна оствари соработка со групата „Некст тајм“  и го отпеа женскиот вокал во песната  „Нешто ќе те питам бабо“

Чочороска и понатаму ја продолжува соработката со Николче Мицевски и заедно подготвуваат многу музички изненадувања за публиката.

Strugaonline

Facebook Коментари