Владата на РМ одговри на поднесокот со барања испратен од граѓанската иницијатива „Доста“

- Локални
1239

Граѓанската иницијатива „Доста“ преку објава на социјалните мрежи денеска ги информираше граѓаните дека Владата на Република Македонија одговорила на поднесокот со барања кој иницијативата го достави на владината адреса. Според документот кој што е објавен од страна на „Доста’ во одговорот на Влата на РМ  меѓудругото стои:

„Како Влада сме одлучни да ги земеме во предвид сите мерки кои придонесуваат кон подобрување на состојбата со депонијата која постои веќе повеќе од една деценија во Струга. Ова за нас е исклучително важна работа како Влада која секогаш сме отворени за комуникација и предлози, се со цел подобар живот на граѓаните. Владата на Република Македонија на седницата која се одржа, меѓудругото донесе одлука за решавање на проблемот со депонијата во Струга. За таа цел, Министерството  за финансии и Генералниот секретаријат на владата добија задолжение да обезбедат финансиски средства со кои треба да обезбедат услови за безбеден и економичен транспорт на сметот од Струшката депонија до други безбедни депонии во Република Македонија. Во однос на оваа точка од дневен ред, беше истакнато дека во тек е ангажман на лица за обезбедување и надзор кои ќе ја надгледуваат  целата локација,  за да превенираат и спречат  можни идни проблеми. “

Од граѓанската иницијатива „Доста“, одгворот испратен од Владата го оценуваат  како „еден скромен писмен поднесок “

Во објавата на Граѓанската иницијатива „Доста“ која можете да ја надете на нивната Facebook страница се објавени и документот со барања и одговорот од Владата.

„ Сами заклучете дали надлжените одговориле на нашите прашања“ – велат од „Доста“

Фото: Граѓанска иницијатива „Доста“

Facebook Коментари