ВМРО-ДПМНЕ Струга ја исклучи од партијата Нола Исмајлоска Старова

- Локални
884

На прес-конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски ја информираше јавноста дека после седницата на која се гласаше за или против уставни измени, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, по предлог на ИК на партијата, едногласно донесе одлука за поведување дисциплинска постапка-исклучување од партија на Нола Исмајлоска-Старова, која, како што стои во соопштението,  „гласаше спротивно од партискиот став, но пред се, спротивно на волјата на граѓаните на Република Македонија.“

„Вие пратеничке, ги изневеривте вашите сограѓани, ја изневеривте државата во која живеете и загазивте врз волјата на граѓаните на Република Македонија. Зарем вреди да се живее со предавство и жигот кој сами си го закачивте на вашето име? Зарем нашето име има цена, па се одродивте и одрековте од него? Ја погазивте демократијата и идејата за слободна, независна и суверена Република Македонија. Ве повикуваме да го вратите мандатот, затоа што 7700 стружани кои гласаа на предходните парламентарни избори не ви дадоа легитимитет да гласате за промена на Уставот и името на Република Македонија.“ -стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ -Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари