ВМРО ДПМНЕ-Струга со честитка до граѓаните за денешниот празник

- Локални
762

ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Струга на сите граѓани им го честита 23ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

„Идеалите и стремежот на македонскиот народ да се сплоти во една и единствена револуционерна организација, доведува до резултат, а тоа е борбата за слобода и конечно издвојување победа. Жртвите дадени за слобода, младите животи положени за сувереност и сопствен идентитет, не смееме никогаш да ги заборавиме, напротив, со посебна почит, да ги славиме и чествуваме засекогаш! Успехот на Македонската револуционерна организација е дело, вредно за почит. Нашата борба тука не запира! Сплотени како едно, да продолжиме, да ги остваруваме целите и идеалите на нашите предци, да бидеме на браникот на татковината, секогаш на страната на македонскиот народ! Зашто Македонската револуционерна организација е всушност-народот!  Непокорот никогаш не запира, секогаш за Македонија, секогаш за македонскиот народ!“ – стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари