Во градинката „Пеперутка“ поставена е кутија за донации за Сара!

- Локални
1557

На иницијатива на Ружица Матлиеска, родител на едно од дечињата кои посетуваат настава во детската градника „Пеперутка“ организирана е хуманитарна акција за 15-годишната Сара Настеска од Охрид на која и е потребна помош за пресадување на коскена срж во клиника во Германија.

Сите хумани граѓани од Струга можат да донираат средства, кутија за донирање е обезбедена во соработка со „Црвен крст“-Струга и истата е поставена во просториите на „Пеперутка“.

Хуманоста и добрите намери ги сплотија Ружица, вработените во „Пеперутка“ и „Црвен крст“  за да се спласи еден млад живот. Донирајте за Сара.

Strugaonline

Facebook Коментари