Во сабота и недела женски ракомет во Струга

- Локални, Спорт
735

Претстојниот викенд е резервиран за женски ракомет во Струга. Во сабота, 09.03.2019, во Спортската сала Нико Нестор, сениорките на ЖРК „Стружанка“-Струга играат со ЖРК „Гевгелија“ од Гевгелија. Натпреварот е закажан за 13:30 часот. Во истиот термин, во недела, младинската женска репрезентација на ЖРК Стружанка-Струга ќе се пресмета со ЖРК Лихнид од Охрид.

Бидете на трибините и поддржете ги нашите ракометарки.

Strugaonline

Facebook Коментари