Во Шаховската школа- Струга се одржа завршниот турнир во групата, ова е листата на победници

- Локални, Спорт
286

Викендов во просториите на Шаховската школа- Струга се одржа завршен предновогодишен турнир во групата.

Учествуваа вкупно 20 деца поделени во 4 категорни групи(08,10,12,14 г).

-Ова беше најмасовниот турнир во групата според бројот на пријавени играчи. Ова уште еднаш докажува дека интересот за шахот во Струга е во подем, и ние како школа и понатаму ќе продолжиме со негово афирмирање помеѓу младата популација-изјави Ѓоко Котески од Шаховската школа -Струга.

Победници во групата до 08 години: 1. Диар Баута 2. Амин Мало 3. Рони Каба

Победници во групата до 10 години: 1.Надалина Зимоски 2.Климент Ковачески 3.Кристијан Панов

Победници во групата до 12 години: 1.Јована Котушеска 2.Марко Милески 3.Дарин Кадриоски

Победници во групата до 14 години: 1.Риан Дервиши 2.Лука Симоноски 3.Михаил Јованоски

,,За оваа година задоволни сме од постигнатите резултати на нашите членови на младинските турнири. Исто така одлично поминавме и со Проектот ,,Шах во школи,“ За другата година планираме да направиме обука на одделенски наставници кои имаат интерест за реализација на тој проект во школите ,со цел да имаме поголем број на деца кои ќе ја изучуваат шаховската игра и вооедно да откриеме нови шаховски таленти. “- потенцира Котески.

Во име на Младинската шаховска школа тој посака среќни новогодишни и божиќни празници со желба за здравје и успех на сите.

Strugaonline

Facebook Коментари