Во Струга отворен првиот едукативен центар – „Таргет“ е малиот универзум за сите ученици

- Забава, Локални
2923

 

Со почетокот на новата учебна година, во Струга започнува со работа и едукативниот центар „Таргет“. Вчера, во просториите на „Таргет“ заинтересираните ученици  на возраст од прво до деветто оделение заедно со своите родители имаа можност да се информираат за планираната програма која вклучува подготовка за тестови и писмени задачи по наставна програма, учење на англиски јазик, но и едукативни игри и квизови на знаење кои во овој едукативен центар ќе овозможат и учење на забавен начин.

Многу ученици и родители вчера разговараа со стручниот тим и идејните творци на „Таргет“, Мила Бебекоска и Билјана Мартиноска.

Во овој едукативен центар, кој стартува со работа од 18-ти септември учениците ќе имаат можност работните обврски  да ги завршуваат квалитетно и ефективно и на тој начин не би имало потреба тоа да го прават дома.

„Таргет“ е новиот мал универзум за сите ученици во Струга. Се наоѓаат на ул. ЈНА позади поранешна зграда „Јелак“, телефони: 078 633 905 и 075 295 071.

Извор и Фото: StrugaOnline

Facebook Коментари