Во Струга вчера пожар во товарно возило на магистралниот пат Струга-Ќафасан и куќа на улица „Мислешевски пат“

- Локални, Хроника
674

На 26.11.2023 во 08.00 часот во ОВР Струга, пријавено е дека на магистралниот пат Струга-граничен премин Ќафасан, настанал пожар во товарно возило „даф” со албански национални ознаки во движење, кое го управувал Д.Х.(46) од Република Албанија. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

На 26.11.2023 во 19.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Мислешевски пат” во Струга, сопственост на Б.С.(68) од Струга. Повредени лица нема а од екипа на Територијалната противпожарна единица, пожарот бил изгаснат.

Извор: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари