Второ издание на „Наш фестивал“ во Струга – народните носии се повторно ИН!

- Локални
842

Балетски точки и модна ревија со Балетско студио БАX, модернизирани мултиетнички народни носии дизајнирани од децата од училиштетот за цртање „Тип Топ дизајн“ на Кики Муки- се само дел од сето она што ќе имате можност да го видите во рамките на вториот „НАШ ФЕСТИВАЛ“.

Настанот ќе се одржи утре, (24-ти ноември) во хотел „Београд“  со почеток во 18:00 часот. Во склоп на „Наш фестивал“ има програма за сите генерации, вклучувајќи и куклен театар под наслов „Различноста е убава“ како  и изложба на цртежи изработени од дечињата од школото за цртање на Кики Муки

Народните носии се повторно ИН, бидете таму!

Фестивалот е во организација на Локалната агенција за развој-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари