За прв пат во историјата – европски ракомет во Охрид!

- Локални, Спорт
1000

За прв пат во историјата, во Охрид ќе се игра европски ракомет.  Во рамките на првото квалификациско коло на ЕХФ (EHF) купот, ќе се одржи ракоментен спектакл односно

двомеч помеѓу РК Охрид 2013 и РК Крас – Волендам од Холандија.

Натпреварите се играат на 02 и 03 септември со почеток во 19:00ч во СРЦ „Билјанини Извори.“

Сите заинтересирани билети во предпродажба  можат да набават  кај стариот чинар секој ден после 18:00ч по цена: 100 ден – еден билет, 150 ден – блок влезница најдоцна до 31-ви август.

Продажба на 1 и 2 септември во СРЦ Билјанини Извори по цена: 150 ден -еден билет200 ден – блок влезница

„Сите заедно со РК Охрид 2013 до историја! СЕКОГАШ СО СРЦЕ ЗА ОХРИД!!! Да им дадеме поддршка на охридските гладијатори за нивната прва презентација во Европа.“  – порачуваат организаторите.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари