Започна со работа Џудо Секцијата ,,ДРИМ“- Подгорци, децата во ова село прв пат имаат можност да се занимаваат со спорт

- Локални, Спорт
867
Пред три дена започна со работа Џудо Секцијата ,,ДРИМ“- Подгорци, во склоп на Џудо Клуб ДРИМ Струга.
До неодамна Подгорци беше населено место со многу дечиња кои досега немале можност да се занимаваат со ниту еден спорт во својата околина. Токму тоа било инспирација за тренерот Ѓорги Стојанов, да отвори џудо секција на струшкиот џудо клуб ,,ДРИМ“ познат по огромните успеси во Македонија и надвор од нашите граници.
-Она што не’ прави особено среќни е фактот што конечно децата од  Подгорци ќе имаат можност активно да се занимаваат со спорт и тоа со најдобриот -Џудо спортот, токму во срцето на  Подгорци. На тој начин, ние како спортски клуб ќе придонесеме за развој на здрава спортска младина без пороци. Децата треба да добијат можност своето слободно време да го исполнат квалитетно и преку спортски активности да градат позитивни вредности. Само така ќе создаваме генерации кои ќе се движат по вистнискиот пат, а истовремено ќе откриваме таленти кои ќе носат индивидуални и клупски успеси-  изјави за Strugaonline тренерот Ѓорги Стојанов.
Тој додава дека до први март тренинзите се бесплатни, а од први март официјално започнуваат уписите. Дека џудо-секција во Подгорци била повеќе од потребна говори интересот на децата кои за три дена веќе ја наполнија салата во основното училиште во селото.
-Децата од Подгорци покажуваат голем интерес, на овие бесплатни тренинзи каде им овозможуваме да се запознаат со спортот и да одлучат дали се пронаоѓаат во нашиот тим, доаѓаат седумдесеттина деца што е одлична бројка.-потенцира Стојанов.
Тој изрази голема благодарност до директорот на ОУ ,,Гоце Делчев”,  Адем Ајдароски како и до Управниот Одбор на училиштето, кои  им овозможија услови за одржување на тренинзи како и  практична презентација за убавините на џудо спортот.
Strugaonline

Facebook Коментари