ЖКК Струга 2009 не успеа да се пласира во финале, екипата на Бадел славеше во петтиот натпревар од полуфиналната серија

- Локални, Спорт
308

Во петтиот натпревар од полуфиналната серија Бадел ја совлада екипата на ЖКК Струга 2009 со резултат 56:53 (19:19;17:13;07:15;13:06)

Во нашиот тим Ли постигна 24 поени и 15 скокови, Зендели 10 поени, 3 скока и 3 асистенции, Шеќероска 10 поени и 7 асистенции, Стојановска 5 поени, 3 скока и 6 асистенции. Биочанин и Модева К забележаа по 2 поени.

Кај домашните Метју постигна 18 поени, а Димитриевиќ 13.

,,За жал не успеавме да се пласираме во финале. Натпреварот го реши еден офанзивен скок на Метју. Имавме шанса во последните шест секунди, меѓутоа не погодивме. Натпреварот беше сосема изедначен со неколку пресврти на резултат и го одлучија нијанси. Сакам да и честитам на екипата на Бадел, заедно со Баскет Кам во финале нека направат вистински празник на македонската женска кошарка. Честитки и голема благодарност и до моите кошаркарки и стручниот штаб на прикажаното во целата сезона, на одличните игри во четвртфиналната и полуфиналната серија. Честитки и на тоа што ме истрпеа цела сезона. Многу сум горд на нив, Благодарност и до нашата публика и поддршката што ни ја пружија. ,,- изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Тој додава дека сега продолжуваат да се подготвуваат за завршниците на младинските првенства.

Strugaonline

 

Facebook Коментари