ЖКК Струга 2009 се врати во трката за финале

- Локални, Спорт
405
Екипата на ЖКК Струга 2009 на домашен терен ја совлада екипата на Бадел 1862 со резултат 62:52 (20:12;13:12;14:11;15:17) и обезбеди уште еден натпревар што ќе се игра во сабота во 18:30 часот.
,,Имавме многу добар пристап во текот на целиот натпревар, тоа се гледа и по фактот дека во текот на целиот натпревар бевме во резултатска предност , во еден момент водевме со 18 поени. Би сакал да ги пофалам сите девојки што играа, дадоа максимум и беа целосно во фокус. Се надевам на уште една победа во сабота со која би обезбедиле мајсторка во Скопје. ,,-изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Најефикасна во нашиот тим беше Ли со 24 поени, 9 скокови и 3 асистенции, Зендели постигна 11 поени и 6 скокови,  Стојаноска, Биочанин и Шеќероска забележаа по 8 поени, Стојаноска имаше уште по 6 скокови и асистенции, Биочанин и Шеќероска постигнаа уште по 11 скокови и Кукунешоска постигна 3 поени. Кај гостите најдобри беа Матју со 18 поени и Лазаревска со 12 поени.

Facebook Коментари