ЖКК Струга 2009 со одлични резултати во јуниорска и кадетска конкуренција

- Локални, Спорт
609
И покрај паузата во сениорска конкуренција поради обврските на репрезентацијата, ЖКК Струга 2009 беше активна во младинска конкуренција каде што започнаа лигите во јуниорска и кадетска конкуренција.
Во рамките на кадетската лига, ЖКК Струга 2009 ја совлада екипата на Риниа од Куманово со резултат 57:21. Најдобра во нашите редови беше Чолакоска со 14 погодоци.
Во саботата во Охрид започна и јуниорската лига, каде што струшките кошаркарки славеа над ГКК Охрид  со резултат 59:32, a најдобра во нашите редови беше Модева со 20 погодоци.
Во неделата, со дупла програма,  ЖКК Струга 2009 играше два натпревари против екипата на Гостивар 2009. Нашите кошаркарки славеа и во двата натпревари.
Во кадетска конкуренција ЖКК Струга 2009 славеше со 62:42, a најдобри беа Чолакова со 20 поени, Синикоска 9, и Белкоска со 8 поени.
И во јуниорска конкуренција, резултатот беше во корист на нашите кошаркарки (66:24). Најдобри беа Модева со 23 поени, Чолакоска 11 и Зенку со 10 погодоци.
Strugaonline

Facebook Коментари