ЖКК Струга 2009 загуби од тимот на Бадел

- Локални, Спорт
271

Во рамки на прва А лига во женска конкуренција ЖКК Струга 2009 загуби од тимот на Бадел 1862 со резултат 53:81. По четвртини (23:18;12:26;6:19;12:18). Најдобри во нашата екипа беа Укоска со 14 поени, 5 скокови и 3 асистенции, Зендели 11 поени, Томпсон 8 поени и 6 скока, Шеќероска и Устијаноска по 6 поени, Филоска 4 поени, Белеска и Модева со по 2 поени. Најдобри во редовите на гостинската екипа беа Стојаноска со 22 поени и Кметовска со 17 поени.

,,Почнавме одлично, водевме со 21:08, игравме егал прво полувреме, но квалитетот на Бадел и нивното искуство како и нашата ,,кратка клупа“ беа пресудни натпреварот да заврши на овој начин.,, – објасни тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

Strugaonline

Facebook Коментари