Денеска е Велика Сабота – ден помеѓу смртта и воскресението

- Македонија
1149

Според православната енциклопедија Велика Сабота е е посветена на споменот на пребивањето на Господ Исус Христос во грбот, и Неговото слегување во адот. Христос е присутен во гробот со телото, а со духот е присутен во адот, истовремено бивајќи на престолот со Отецот и Духот, поради самиот факт што Тој е сеприсутен Бог, неодвоив од другите две ипостаси на Пресвета Троица. Велика Сабота е онаа сабота кога Христос посцедочил дека е дојден крајот на стариот век, чиј символ е празнувањето на саботниот ден, и започнува новиот век, во кој се празнува денот на Неговото Воскресение, денот на есхатонот, денот кој сите Христијани со желба го исчекуваат – денот на Второто Христово пришествие.

 

Сабота е втор ден на жалост, тага и молк, како ден за чување на гробот.  На велика сабота прво се служи утринската литургија, кон чиј крај – плаштеницата  се носи околу храмот, носејќи ја до отворените царски двери и се враќа во „гробницата“ на средина од црквата. Со читањето на апостолите завршува погребалниот ден сабота, попладнето, и започнува претпразничното свето христово воскресение. На полноќ, православните верници го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден, кој се смета за еден од најголемите христијански празници.

Facebook Коментари