Денеска календарски започнува летото – феномен познат како „долгоденица“

- Македонија
1244
Летото во Македонија и на северната хемисфера започна денеска, а во исто време на јужната полутопка на Земјата  настапи зимата.

Првиот летен ден e најдолг во годината односно познат е по тоа што настапува „долгоденица“. Ова ќе биде најдолгиот ден во годината, а ни претстои и најкратката ноќ.

Се верува дека почетокот на летото го симболизира и времето на исполнување на нашите желби, но и поставување на нови цели. Затоа денеска тргнете кон остварување на целите кои сте ги зацртале, а во низата верувања за календарскиот почеток на летото се вбројува и тврдењето дека доколку започнете диета токму денеска, со леснотија ќе стигнете до саканата телесна тежина.

Отсекогаш се верува дека почетокот на летото и остварувањето на желбите одат заедно, затоа денес бидете конструктивни и практични и во своето делување и во своите желби

Facebook Коментари