Денеска се одбележува Националниот ден на Власите

- Македонија
762

Денеска е 23 мај, ден кога се одбележува Националниот ден на Влаcите, а од 2007 година, во Македонија 23 мај е неработен ден за сите припадници на Влашката заедница.

Годинава се навршуваат 117 години од Декретот на турскиот Султан Абдул Хамид Втори со кој Власите беа признати како посебен народ. Со овој документ издаден на 23 мај, во 1905 година Власите ги добиле сите права како и останатите немуслимански народи во рамки на тогашната Отоманска Империја. Годинава се одбележуваат и 10 години од прогласувањето на Националниот ден на Власите за државен празник .

Денот на Власите, со свечена академија и други активност се одбележува во повеќе градови низ Македонија.

Facebook Коментари