„Исцелител“ е прогласен за најдобар филм на фестивалот „Santa Barbara International Film Festival“

- Македонија
980

Филмот „Исцелител“  ја освои главната награда за најдобар филм во интернационалната компетиција на фестивалот Santa Barbara International Film Festival во Холивуд!

„Исцелител“  е македонски филм, во режија на Ѓорче Ставрески, кој е истовремено и сценарист и продуцент на филмот, како и монтажер на звукот. Камерман е Дејан Димески, а монтажата е дело на Мартин Иванов. 

Исцелител е филм што балансира меѓу семејна драма, црна комедија и социјален коментар.

Признанија за содржината, глумата, сценариото и се она што „Исцелител“  одсликува доби и од публиката но и од престижни списанија, филмски критичари, а сега стигна и до Холивуд.

Престижното списание „Вараети“ (Variety) објавило рецензија на филмот, оценувајќи го како прекрасен филм кој „не само што ќе послужи како силна отскочна штица за кариерата на Ставрески, туку дури може да ја повлече напред и пошироката македонска филмска индустрија.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари