Катастарот ќе бара продолжување на рокот за елаборати за легализација

- Македонија
635

katastar izjava

Државниот Катастар ќе ѝ предложи на новата Влада да го продолжи рокот за доставување на елеборатите за легализација на дивоградбите. 10 илјади вакви документи сѐ уште не се изготвени и поднесени од страна на геодетските друштва заклучно крајниот рок, 31-ви декември минатата година.

Катастарот ќе ја информира Владата за ваквата состојба секако со барање за продолжување на рокот за доставување елаборати за да се даде простор овие 10.000 елаборати да можат приватните геодетски фирми да ги изработат за да бидат доставени, а 5.000 елаборати граѓаните да ги подигнат и да ги достават до општините, изјави директорот на Катастарот, Славче Трпески.

Од март 2011-та година кога започна процесот на легализација заклучно со 31-ви декември лани геодетските фирми примиле 240.000 барања за изготвување елаборати. Од нив 225.000 се изработени и се подигнати од странките.

Досега легализирани се 170 илјади бесправно изградени објекти. Во тек се отворените денови за комуникација со граѓаните.

Извор: МРТ

Facebook Коментари