МТСП: 8-ми декември е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

- Македонија
799

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2017 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија коишто го чествуваат и го слават патронот “Св. Климент Охридски”.

Извор: МТСП

Strugaonline

 

Facebook Коментари