На денешен ден е родена Атина Бојаџи

- Македонија, Спорт
195

На денешен ден во 1944 година во Охрид е родена пливачката легенда Атина Бојаџи.

Уште на 11- годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен и делфин стил.

Таа беше светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно двапати беше светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години со што до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри – Наполи станува светски првак на солени води.

Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата жена која го остварила овој успех. Во 1975 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи снимен е филмот „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога. Самата Бојаџи е еден од соработниците на филмот.

Пливачката кариера подоцна ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена звезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весник ,,Утрински весник“ ја прогласува за спортист на векот.

Почина во Скопје на 66 годишна возраст.

Facebook Коментари