НБРМ пушти во оптек нова кована пара „Близнаци“

- Македонија
920

Народната банка на Република Македонија ја пушти во оптек кованата пара за колекционерски цели „Близнаци” од серијата „Хороскопски знаци”.

Кованата пара е во апоен од 100 денари. Истата е  изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Близнаци” изнесува 2.800 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народна банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели може да се најдат на интернет-страницата www.nbrm,mk. 

Извор и фото: НБРМ

Strugaonline

Facebook Коментари