Oд полноќ Еуросупер БС – 95 поскапува за половина денар

- Македонија
600

Од вечерва на полноќ поскапува Еуросупер БС – 95, цените на останатите горива остануваат непроменети, ваква одлука донесе денес Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС – 95 поскапува за половина денар и од полноќ ќе се точи за 71,50 денари.

Малопродажните цени на останатите горива остануваат непроменети. Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини за 51,5 денари за литар, додека Еуродизелот (Д-Е V) за 62,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,246 ден/кг и ќе чини 33,651 ден/кг.

 

Facebook Коментари