Спектакуларен почеток на Супер-Купот – Македонските ора допреа до публика од цел свет

- Македонија
1115

Церемонијата на свечено отворање на „Суперкуп Скопје 2017“ испрати креативна порака до целата светска јавност која го следеше натпреварот помеѓу Реал Мадрид и  Манчестер јунајтед. Отварањето ја покажа богатата македонска култура и надалеку познатиот македонски фолклор

На тревникот на „Телеком арена“ настапија  членовите на културно-уметнички друштва кои преку македонските ора „Копачка“ и „Малешевка“ дадоа свој придонес во  создавање на еуфоријата која синоќа во Скопје ја достигна својата позитивна кулминација. Нивниот перформанс со кој во областа на културата ја претставија Македонија  се емитуваше во  228 држави и региони на земјината топка.

Во склоп на спектакуларното свечено отварање настапија и  19 дечиња со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“ кои на знаковен јазик ја изведоа нумерата „Sky full of stars“ (Небо полно со ѕвезди) од Колдплеј.

Извор: Strugaonline\novatv.mk

Фото: novatv.mk

Facebook Коментари