Вардар по втор пат првак на Европа!

- Македонија, Спорт
724

Вардар е новиот шампион на Европа откако во вечерашниот натпревар во големото финале на Ф4 ја совлада екипата на Веспрем со резултат 27: 24.

Нашата херојска репрезентација имаше одлично прво полувреме. Вардарци беа во водство уште од самиот почеток на финалето, а во 13-та минута веќе имаа три голови разлика (8:5). Потоа водевме со 11:7,  пред крајот на првиот дел имавме и 16:10, а на одмор отидовме со 16:11.

Во вториот дел нашите ракометари имаа мала криза, на петнаесеттина минути пред крај имавме само еден гол предност , 20:19. Пoтоа следуваше нова неизвесност, но Вардар се врати со својата доминација и oглемата желба по втор пат да стигне на тронот на Европа. Донесе голема радост за сите кои со нетрпение го очекуваа ова големо финале.

ВАРДАР – ВЕСПРЕМ      27:24 (16:11)

Сала: Ланксес Арена во Келн. Судии: Ларс Гајпел и Маркус Хелбиг од Германија. Делегат: Марко Треспиди од Италија и Виктор Конопласти од Украина.

ВАРДАР: Милосављев (7 одб.), Гедбан (3 одб.), Стоилов 2/2, Поповски, Кристопанс 4/7, Мораеш 6/6, Дисингер, Карачиќ 3/7, Скубе 3/5, Калараш, Чупиќ 5/7, Дибиров 3/4, Горбок, Шишкарев 1/2, Војводиќ, Кисељев.

Седмерци:  4/4, Исклучувања: 4 мин.

ВЕСПРЕМ: Миклер (4 одб.), Штербик (5 одб.), Манасков 0/2, Илиќ 1/3, Тонесен 4/5, Гајиќ 1/1 Нилсон 2/3, Наѓ 1/1, Маргуч, Штрлек, Терзиќ 1/1, Благотиншек 1/2, Ненадиќ 3/7, Мае 6/8, Мацковшек 2/2, Лекаи 2/2.

Седмерци: 6/6, Исклучувања: 10 мин.

Strugaonline

Facebook Коментари