Важни детали за концертот на Шон Пол во Скопје

- Забава, Македонија
720

На само неколку дена до најголемиот музички спектакл во главниот град, резервиран за крајот на летото – концертот на мега популарниот Шон Пол; стигнуваат важни детали:

 Веќе добро знаете настапот на сопственикот на во моментов најактуелните светски хитови и соработките со ѕвезди од калибарот на Бијонсе, Дуа Липа, Сиа, Дејвид Гета… е закажан на 23 август на Стадионот АРМ во Скопје со почеток од 20 часот.

    Концертот ќе го отвори уникатниот Тајзи, а веднаш потоа, за дополнително загревање на атмосферата сцената, со свој сет, ќе се погрижат Shorty P и Irie Scratch.

 Шон Пол на скопскиот концерт, кој е единствен во регионов, а во склоп на неговата летна турнеја, доаѓа со својата комплетна екипа која подразбира бенд, техничка поддршка и, секако, тука се неговите dancehall танчарки, чиј уникатен стил на танцување дополнително ќе ја загреат атмосферата.

  Што се однесува до техничкиот дел и изгледот на сцената – ќе имаме спектакуларна бина чија фронтална димензија е повеќе од 40 м. За потребите на овој концерт на бината ќе биде направена дополнителна конструкција на која ќе бидат сместени тапаните, клавијатурите и диџејот за во предниот дел да има што е можно повеќе простор за танчарките. Ќе има повеќе од 100 светлосни тела и повеќе од квадратни метри лед екрани. За озвучувањето ќе се користи еден од најдобрите звучни системи во светот EAW Anya. Концертот ќе има уште неколку уникатни детали, специфични само за Шон Пол, но тоа нема да го откриеме и ќе го оставиме како изненадување за присутните.

 И она што можеби е најважно – Во продажба се останати уште ограничен број влезници! На ваше барање, а и со единствена цел да имаме незаборавна вечер и концерт во кој ќе можат да уживаат сите вистински фанови и за кој уште долго ќе се зборува, почнувајќи од денес, па се до денот на одржување на концертот (23 август), односно се додека има влезници во продажба – во продажба е пуштен уште еден СПЕЦИЈАЛЕН пакет, а кој се однесува само на фан питот.

Имено, со секоја купена влезница за во фан питот, следната, односно влезницата за вашето концертно друштво ќе биде за 50% пониска. Искористете ја оваа можност додека се уште има влезници, а нивниот број е ограничен!

Фотографирањето и снимањето на концертот е дозволено само за време на првите три песни, односно во траење од 15 минути. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 19:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари